За проектот
За ИПА ПГС Програмата “Бугарија-Македонија 2007-2013”
ИПА Бугарија-Македонија 2007-2013

Прекуграничната соработка во рамките на ИПА има за цел да ги промовира добрососедските односи, потикнувајќи стабилност, безбедност и просперитет во заедничкиот интерес на сите опфатени земји, како и потикнувајќи нивен хармонизиран, балансиран и одржлив развој.
Поучени од минатите искуства, ИПА-ПГС ќе работи на двете страни од границата врз основа на еден сет на правила и цели, со што кe обезбедува можност за целосно еднаквo и балансиранo програмирање и процес на донесување одлуки.
Целите на ИПА ПГС компонентата се дизајнирани да ги земaт во предвид специфичните потреби на соодветната надворешнa границa. Тоа се:
⇒ | Развој на прекугранични економски, социјални и еколошки активности во пограничните области. |
⇒ | Насочување кон заедничките предизвици,на полето на животната средина, јавното здравство, спречување и борба против организираниот криминал. |
⇒ | Овозможување на безбедни и ефикасни граници. |
⇒ | Промовирање на правна и административна соработка. |
⇒ | Промовирање на локален тип на акции “Од луѓето за луѓето". |
Проект "Претприемачки клуб "
ИПА Бугарија-Македонија 2007-2013

Општа цел на проектот е да создаде самоодржлив инкубатор за претприемачи чии нови бизниси користат комбинирани ресурси од двете страни на македонско-бугарската граница.
Специфични цели се:
⇒ | Свесност за можностите за бизнис во рамките на прекуграничниот регион. |
⇒ | Свесност за додадена вредност на користење на интегрирани ресурси (природни, човечки, средства, географски) од двете страни на границата. |
⇒ | Развој на претприемачкиот дух меѓу учесниците во проектот и публиката која ќе ги користи информациите и резултатите од проектот. |
⇒ | Идентификација на најдобрите претприемачки практики и нови бизнис идеи во рамките на прекуграничниот регион. |
⇒ | Воспоставување на самоодржливо место за размена на идеи и подршка меѓу претприемачите – Претприемачки клуб. |
Активности
ИПА Бугарија-Македонија 2007-2013

1. | Управување со проектот и известување. |
2. | Развој на распоред и материјали за обука. |
3. | Избор на ментори, тренери и слушателите и обезбедување на претприемачки обуки и семинари. |
4. | Бизнис план натпревари и практични претприемачки вежби. |
5. | Развој на прирачник за претприемачи. |
6. | Развој на палтформа за е-трговија. |
7. | Конференции за претприемништвото во Бугарија и Македонија. |
8. | Информации, промоција и активности за свесност. |
Очекувани резултати
ИПА Бугарија-Македонија 2007-2013

⇒ | Создавање на материјали за обука за претприемништво. |
⇒ | Испорака на четири тридневни тренинг сесии. |
⇒ | Еден натпреварувачки настан. |
⇒ | Прирачник за претприемачи. |
⇒ | Платформа за Е-трговија. |
⇒ | Две конференции за претприемништвото. |
⇒ | 1000 брошури, два транспарента, 100 постери, 4 радио најави, 4 публикации во весник. |
Најмногу - добри Практики







