За ИПА ПГС Програмата “Бугарија-Македонија 2007-2013”
ИПА Бугарија-Македонија 2007-2013

Бизнис идеи
По проектот “Претприемачки клуб“ од македонска страна беа генерирани 16 бизнис идеи од кои беа разработени и напишани 9 бизнис плана. За двата натпревара во Македонија и Бугарија беа избрани 6 бизнис плана за кои беа направени и презентации :
• Go green - Фирма за изнајмување велосипеди и организирање на тури со различни програми за посета на туристичките и културно историските локалитети на Крива Паланка и пограничниот регион. Бизнис планот е фокусиран на домашните и странски туристи во КриваПаланка., се работи за надградување на туристичките услуги во општината со нова вредност, користење велосипеди и туристички водичи.
• Fresh & Clean - градска пералница за граѓаните и за угоститеските објекти за искористување на погодностите за поефтино перење. Бизнис планот е фокусиран на граѓаните во КриваПаланка а се работи за нова потреба на купувачите за перење и сушење на облека.
• Edelvajs - фирма за пекарски специјалитети за искористување на професионалните вештини на населението во кривопаланечкиот регион и привлекување на вниманието и зголемување на интересот на домашните и странски туристи. Бизнис планот е фокусиран на надградување на понудата на бели пецива.
• New Vision - фирма за интелектуални услуги и трговија. Бизнис планот е фокусиран на локалните граѓани во КриваПаланка и регионот, се работи за постојана потреба за неформално образование на граѓаните Дадени се одговори на поголем дел од прашањата поврзани со планирање и водење на бизнис за задоволување на избраните потреби.
• Бела Кола - фирма за обезбедување луксузен автомобил за свечености. Бизнис планот е фокусиран на граѓаните во Крива Паланка и регионот,се работи за надградување на понудата на транспортни услуги за време на свечени настани и прослави.
• Гостинска Куќа ФАГУС - фирма за обезбедување туристички услуги за рурален туризам. Бизнис планот е фокусиран на домашните и странски туристи. а се работи за надградување на понудата на услуги за рурален туризам. Постои голем пазарен потенцијал а шансите за успех се поврзани со промоција и способностите за вмрежувања со здруженија за велоспипедизам, заштита на околината, туристички сојузи и туристички агенции.
Бизнис идеи
По проектот "Претприемачки клуб" беа развиени вкупно дванаесет бизнис план презентации, како што следува:
Студио за спортски танци "Дези" - општина Белица
Бизнис планот вклучува создавање на училиште за спортски танци во градот Белица. Училиштето ќе се посетува претежно од деца и ученици и ќе помага за културниот развој на учесниците.
Туристичка агенција - општина Белица
Бизнис планот предвидува создавање на туристичка агенција, која ќе нуди туристички продукти во Рила, Пирин и Родопите. Услугата ќе вклучува сместување во хотели, тури по планински патеки, екскурзии до атракции на трите планини, и други понуди.
Развој на градежна фирма "Бари" ДООЕЛ
Безнис идејата предвидува отпочнување на ново производство на плочки и други елементи од бетон од иновативни градежни материјали. Производството ќе биде понудена во странство и е наменето за јавни тротоари и плоштади.
Производство на сирење "Пирин" ДООЕЛ
Предвидено е започнување на бизнис со млечни производи од регионот на општините Белица, Јакоруда, Разлог и Добриниште. Ќе се потпира на еколошки производи од млеко кое е добиено од еколошки средини.